Белуџистан - протест на семејствата на жртвите од вчерашниот напад

Членови на семејствата на 20 лица кои беа застрелани на 29 мај, додека патувале со автобус во провинција Балочистан, започнаа протест во главниот град на провинцијата, Кета, протестирајќи поради недостаток на заштита од страна на владата.

Нападот на автобусот се случил вчера, кога вооружени лица се качиле во возилото и убиле 20 патници, а едно лице е повредено. Сведоци велат дека најверојатно убиствата се етнички мотивирани, оти убиените биле идентификувани како Паштуни, а припадниците на Балуџи биле поштедени. Напаѓачите биле облечени во униформи на безбедносните сили.

Ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот.