ИД нападналa хотели во Багдад

Хотелот Бабилон во Багдад, Ирак.

Милитантите на Исламската држава ја преземаа одговорноста за нападите со автомобил бомба пред два хотела во Багдад. Ирачките власти соопштија дека во два одделни напада во хотелите Иштар и Бабилон загинале најмалку 10 лица, а дузина биле повредени. Безбедносните сили соопштија дека пронашле уште еден автомобил бомба на паркингот на хотелот Бабилон, при што експлозивната направа била детонирана.