САД ја отстранија Куба од црната листа

САД ја отстранија Куба од листата на земји кои го спонзорираат и поддржуваат тероризмот како дел од процесот за нормализирање на односите меѓу двете земји. Стејт Департментот соопшти дека САД сериозно се загрижени и не се согласуваат со голем дел од политиката и активностите на Куба, но сето тоа е надвор од критериумите релевантни за донесување на одлуката. Со отстранувањето на Куба од листата се елиминира големата пречка за обновување на дипломатските односи, вклучувајќи го отворањето на амбасади во Вашингтон и Хавана.