Камерон го повика Блатер да поднесе оставка

Британскиот премиер Дејвид Камерон

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека претседателот на ФИФА, Сеп Блатер треба да поднесе оставка. Говорејќи во Берлин по средбата со германската канцеларка Ангела Маркел, тој порача и дека е незамисливо оти Блатер ќе биде личноста која ќе ја исчисти ФИФА од корупција во услови кога седум нејзини функционери се обвинети за примање мито. Според него, со тоа се покажала градата страна на фудбалот.

Во меѓувреме во тек е конгресот на ФИФА за избор на нов претседател, а противкандидат на Блатер му е принцот Али од Јордан. Меркел изјави кој и да биде избран мора да ги расчисти обвинувањата и да се осигура дека ФИФА нема да биде оптоварена со обвинувања за корупција во иднина.