Груевски до Петерле-ЕУ значајна стратешка определба

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски изјави денеска дека за Владата членството во Европската унија претставува значајна стратешка определба, при што интензивно се работи на реформите. Груевски денеска оствари средба во Скопје со ко-претседавачот на Мешовитиот парламентарен комитет на Република Македонија и Европската Унија, Алојз Петерле.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба тие разговарале за евроатланските интеграции на Македонија, реформите кои се реализираат и исполнувањето на мерките согласно планот за напредок и членство во организациите. На средбата биле разменети мислења и за актуелната политичка ситуација во државата, а Груевски притоа се заблагодарил на активната поддршка и иницијативата на Мешовитиот парламентарен комитет и на Европската унија за надминување на политичката криза.