Проруски лидер повика на освојување украински градови

Самопрогласениот лидер на проруските бунтовници во источна Украина, Александар Захарченко.

Самопрогласениот лидер на проруските бунтовници во источна Украина, Александар Захарченко повика да се преземе контролата врз градовите кои се под контрола на владините сили. Тој порача дека бунтовниците повторно ќе ги освојат градовите Словианск, Костиантинивка и Красноамијиск, кои кратко беа под нивната контрола во минатата година. Според него, штом ќе ги освојат градовите, што, како што наведе Захарченко не е возможно преку политички средства ќе биде донесена одлука за ослободување на тие територии.