Напади со автомобили бомби во Багдад

Автомобили бомби експлодирале синоќа во близина на два луксузни хотела во Багдад при што загинале најмалку 10 луѓе а триесетина биле повредени, соопшти ирачката полиција. Експлозиите кои по се изгледа биле координирани, се случиле во непосредна близина на хотелите Вавилон и Шератон. Ирачките власти во почетокот на годинава го укинаа ноќниот полициски час кој беше воведен во Багдад пред десетина години.