Апели за оставка на претседателот на ФИФА Блатер

претседателот на ФИФА Сеп Блатер

Шефот на Англиската фудбалска федерација Грег Дајк изјави дека претседателот на ФИФА Сеп Блатер би требало веднаш да ја напушти функцијата поради корупцискиот скандал што ја потресува светската фудбалска организација. Претходно, Европската фудбалска организација УЕФА повика на шестмесечно одложување на изборот на нов претседател на ФИФА закажан за утре. Дајк изјави дека не е уверен во заложбата на Блатер дека ФИФА може да ја врати довербата кај навивачите со зголемување на напорите за справување со корупцијата. Блатер се кандидира за уште еден четири годишен мандат, петти по ред. Единствен негов ривал е јорданскиот принц Али.