Времето денеска: променливо облачно и свежо

Во Македонија ќе биде променливо облачно и свежо со умерен, а долж Повардарието и засилен северен ветер. Претпладне во западните и јужните делови ќе има и услови за повремен локален дожд. Утринската температура ќе се движи од пет до 14, а дневната од 14 до 21 степен. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, свежо и ветровито. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 18 степени.