Ципрас-Во финална фаза преговорите со кредиторите

Грчкиот премиер Алексис Ципрас

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска изјави дека неговата земја е близу до договор со кредиторите. Според него, Грција направила многу чекори и сега се во финална фаза на преговорите. Ципрас по денешните разговори со кредиторите во Министерството за финансии во Атина порача и дека сепак во финалната фаза ќе бидат потребни „смиреност и решителност“.