СПЦ го продолжува дијалогот со МПЦ

Расчинетиот владика Јован Вранишковски.

Светиот Архиерејски Собор на Српската православна црква денеска го одобри продолжението на дијалогот со Македонската православна црква – ОА. Според соопштението, условот е стопирање на прогонот на архиепископот охридски и митрополит скопски Јован Вранишковски, како и прогонот на повеќе свештеници и верници на автономната Православна охридска архиепископија.

Соборот посочува дека за потребите на обновувањето на дијалогот треба да се формира нова Комисија на Светиот Архиерејски Собор, а за нејзин претседател да се именува митрополитот црногорско-приморски господин Амфилохие, а избран е и составот на Комисијата. Со ова, како што се наведува, вон сила се ставаат сите досега донесени одлуки со кои биле одредени состави на поранешните комисии за водење на дијалогот.