„Бомба“ на СДСМ: Груевски налогодавач и нарачател на матни игри

Три оставки не се доволни, не се мачи Груевски и не барај нови жртви. Твојата оставка ја бара Република Македонија, ти си налогодавачот и ти си нарачателот на матните игри, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев на почетокот на денешната прес конференција.

Од кумот на Никола Груевски, Зоран Ставрески, слушнавме признание како тие во власта не се нормални, додаде тој. Денеска Груевски ќе ви признае: „Не и оди работата на оваа влада“, „Еден голем проект не и тргна на владата“, „Една хидроцентрала не изгради владата“. Од Груевски ќе слушнете како тој за себе и за соработниците лично вели: „Нас нешто ни фали“. За да го покрие она што фали, истакна Заев, Никола Груевски од позиција на премиер најдрско влегол во невидено беззаконие.

Аудио снимките на денешната прес конференција ќе ги исцртаат јасно контурите на владетелот, кој за да опстои ги поништил Уставот и законите и станал „deal oriented“, а потоа тоа го побарал и од своите најблиски соработници, рече Заев на почетокот на објавувањето на 34-та т.н. бомба на опозицијата.