Груевски-Водиме сметка за луѓето од Дива населба

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски денеска изјави дека Владата води сметка и презема чекори со кои целосно им се помага на луѓето од кумановската Дива населба кои немаат никаква вина за настаните што се случија, а претрпеа штети по нивниот движен или недвижен имот.

Тој одговарајќи на пратеничкото прашање на Орхан Ибраими од ДПА посочи дека на првата владина седница по случувањата во Куманово е донесена одлука на 125 семејства од Дива населба да им се исплати првична помош од 100 илјади денари по семејство, а веќе е направена и теренската проценка на штетите од страна на формираната комисија од Владата.