Кралицата Елизабета најави закон за референдум за ЕУ

Кралицата Елизабета

Кралицата Елизабета изјави дека британската Влада ќе донесе закон со кој ќе се отвори патот за спроведување референдум за тоа дали земјата ќе остане во ЕУ или не. За време на говорот во Парламентот кралицата порача дека владата повторно ќе преговара за односот на Обединетото кралство со ЕУ и ќе спроведе реформи во корист на сите земји членки. Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека тој повеќе сака да останат во реформирана ЕУ, но не ги отфрла другите опции.