НАТО командант-Украина се соочува со постојани напади

НАТО командантот Трасивулос Тери Стаматопулос во посета на Украина.

НАТО командантот Трасивулос Тери Стаматопулос предупреди дека континуираните напади против Украина ги попречуваат напорите на земјата да ја модернизира армијата со цел еден ден да се приклучи на алијансата. Тој изјави и дека се свесни за големите предизвици со кои се соочува Украина и оти не е лесно да се спроведат потребните реформи додека во земјата има конфликт и се бори со постојаните напади врз нејзиниот територијален интегритет. Во меѓувреме еден украински војник загинал, а осум биле повредени во нападите на проруските сепаратисти.