Уапсени шест високи функционери на ФИФА

Актуелниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер

Шест високи функционери на ФИФА се уапсени во Цирих поради сомнение за перење пари и примање мито во вредност од 100 милиони долари. Швајцарското обвинителство соопшти дека заплениле податоци и документи од компјутерскиот систем на ФИФА. Актуелниот претседател Сеп Блатер не е меѓу уапсените, како и генералниот секретар Жером Валцке. Блатер ќе учествува во трката за петти мандат на која единствен противкандидат ќе му биде принцот од Јордан Али бин Ал Хусеин.