АИ-Хамас извршил воени злосторства во Газа

Амнести Интернешнел соопшти дека Хамас извршил воени злосторства спрема палестински цивили во појасот Газа за време на минатогодишната војна со Израел. Според организацијата, Хамас извршил тортура и убиства на Палестинци, кои биле обвинети дека соработувале со Израел додека траела воената офанзива во Газа. Медицински лица соопштија дека повеќе од 2100 Палестинци, од кои најголем дел цивили загинале во нападите. Израелските власти соопштија дека загинале 67 војници и шест цивили.