Обама за поефикасна воена помош во борбата против ИД

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека сојузниците кои се борат против милитантите на Исламската држава мора да испитаат дали воената помош се распоредува ефикасно. Белата куќа соопшти дека ги прифатила барањата на ирачките борци за да им бидат доставени противтенковски орудија со цел да бидат запрени се побројните самоубиствени напади што милитантите ги извршуваат со оклопни возила. Обама по средбата со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека дејствувањето на милитантите на Исламската држава во Сирија и Ирак и превирањата во Либија го принудиле НАТО, како што рече, „да се сврти на југ и на исток“.