Либискиот премиер избегнал обид за атентат

Меѓународно признатиот либиски премиер Абдулах ел Тани изјави дека вчера избегнал обид за атентат во Тобрук, на истокот на земјата кога непознати луѓе стрелале врз автомобилот во кој се наоѓал кога заминувал од седницата на парламентот. Овој парламент се наоѓа во Тобрук откако коалицијата милиции позната како „Фаџр Либија“ го освои главниот град Триполи во август минатата година. Либија западна во анархија по соборувањето на Муамер Гадафи во 2011 година по што вооружените милиции почнаа да владеат во земјата. Обединетите нации се обидуваат да издејствуваат компромис меѓу разните страни со цел да формираат влада на национално единство.