Француски дипломат-Нема да има нуклеарен договор до крајниот рок

Францускиот амбасадор во САД, Герард Арауд изјави дека шесте светски сили и Иран најверојатно нема да постигнат сеопфатен нуклеарен договор до крајниот рок на 30 јуни. Тој говорејќи на Атланскиот совет во Вашингтон порача и дека многу технички работи остануваат и можеби договор нема да биде постигнат ни по крајниот рок. Германскиот амбасадор во САД, Петер Витиг изјави дека санкциите врз Иран нема да бидат олеснети до крајот на годинава и да се случи најдоброто можно сценарио.