Кина ја зајакнува поморската одбрана

Кинеските власти соопштија стратегија со која ќе ја зајакнат поморската заштита на земјата. Според документот објавен од властите, морнарицата на земјата ќе се фокусира на заштита на отворените мориња наместо на одбрана на поморскиот брег. Документот предупредува од закани по поморските права на Кина и упатува критика до соседните земји кои преземаат провокативни активности, како и до надворешни страни кои се инволвираат во работите на Јужното кинеско море.