Путин-Русија не се откажува од странските инвестиции

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека неговата земја не треба да откаже од привлекувањето странски инвестиции и технологии. Тој за време на прес конференција пред бизнис заедницата порача дека тоа не треба да се случи под ниту еден основ, бидејќи инвестициите и технологијата го движат економскиот раст на земјата. По руската анексија на Крим, западот спроведе санкции врз земјата за ограничување на пристапот до странски инвестиции и технологии.