Убиени 7 милитанти во Пакистан

Пакистанската војска соопшти дека во два напади на безбедносните сили во пристанишниот град Карачи загинале 7 милитанти. Генералот Мухамед Хурам изјави дека до немирите дошло по извештаите дека талибанците подготвуваат напад врз седиштето на безбедносните сили во близина на аеродромот.

Според него, во првиот напад тројца милитанти биле заробени во една зграда и се самоубиле со експлозив. Во вториот напад, како што наведе тој, тројца талибанци биле убиени од безбедносните сили, а еден од нив се самоубил.