Русија започна воздушни одбранбени вежби

Руското министерство за одбрана соопшти дека започнале воени воздушни вежби на планината Урал и во западен Сибир во кои се вклучени 12 илјади војници и 250 авиони. Маневрите, според министерството ќе траат до 28 мај и се со цел да и помогнат на војската да се подготви за наредните вежби од голем размер. По руската анексија на Крим во март минатата година, земјата спроведе низа воени вежби за проверка на борбената готовност.