Напад на контролни пунктови во Авганистан, 26 жртви

Десетици бунтовници нападнале неколку контролни пунктови во јужен Авганистан при што загинале 26 припадници на безбедносните сили. Локалната полиција од покраината Хелманд соопшти дека нападот се случил во реонот Навзад. Меѓу загинатите има 19 полицајци и 7 војници. Се уште никој не презема одговорност за нападот.