Маневри на руското воено воздухопловство

Руското министерство за одбрана соопшти дека денеска започнале големи вежби на военото воздухопловство во кои се вклучени 250 авиони и 12 илјади војници и друг персонал. Се прецизира дека вежбите ќе траат четири денови со цел инспекција на борбената готовност на воената авијација. Маневрите се поклопуваат со вежбите што ги почна НАТО на Арктикот.