Камерон и Путин за решавање на конфликтот во Сирија

Британскиот премиер Дејвид Камерон и рускиот претседател Владимир Путин се согласија да ги обноват разговорите за изнаоѓање решение за кризата во Сирија. Во Лондон е соопштено дека рускиот претседател му телефонирал на Камерон за да му честита на повторниот избор за премиер при што станало збор и за ситуацијата во Сирија. „Двајцата лидери се согласни дека треба да биде запрен подемот на милитантите на Исламската држава и затоа нивните советници за национална безбедност наскоро ќе се состанат во врска со ова прашање“, се наведува во соопштението на британската влада.