Белград денеска нема да му го испорача Шешељ на Хаг

Воислав Шешељ

Шефот на Националниот совет за соработка на Србија со Хашкиот трибунал Расим Љаиќ изјави дека 26 мај не е реален термин како краен рок за испорачување на Воислав Шешељ во Хаг. Претходно од Трибуналот дојде барање до владата на Србија, Шешељ да биде испорачан денеска и оти неговата здравствена состојба не може да биде пречка за тоа. Во врска со овој случај српскиот премиер Александар Вучиќ по средбата со главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серж Брамерц изјави дека ќе се постапува во согласност со законите на Србија и меѓународното јавно право.