Германија со протесна нота до Русија

Германија упати протесна нота до Русија поради тоа што не му бил дозволен влез во земјата на адвокатот од Конзервативната партија, Карл Георг Велман, кој е поддржувач на канцеларката Ангела Меркел. Велман вчера пристигнал на аеродромот во Москва, а по забраната за влез денеска се вратил во Германија.

Велман е отворен критичар на Русија за улогата на земјата во конфликтот во источна Украина. Германското министерство за надворешни работи соопшти дека одлуката на руските власти е несфатлива и неприфатлива и побараа забраната за Велман да биде укината.