Курдски бунтовници нападнале воена база во Турција

Турската војска соопшти дека осомничени курдски милитанти отвориле оган во воена база во југоисточниот регион на земјата. Според соопштението, турската војска возвратила на нападот во базата во покраината Хакари, која се наоѓа во близина на границата на земјата со Ирак и Иран. Инцидентот доаѓа и покрај мировниот процес меѓу Турција и партијата на Курдите со цел да се стави крај на конфликтот во кој загинаа десетици илјади луѓе од 1984 година.