Рогозин-На тенковите не им треба виза

Рускиот вицепремиер Дмитри Рогозин

Рускиот вицепремиер Дмитри Рогозин ја отфрли западната загриженост за военото присуство на неговата земја на Артикот, изјавувајќи дека на тенковите не им се потребни визи. Рогозин додека гостуваше на националната телевизија порача дека отсекогаш се шегувале за прашањето, бидејќи што ако не им даваат визи и што ако земјата е на листата за санкции кога на тенковите не им се потребни визи. Русија спроведе масивни воени вежби на Артикот.