Сириските власти со напади на позиции на ИД во Палмира

Античкиот град Палмира во Сирија

Сириската организација за човекови права соопшти дека владини авиони извршиле најмалку 15 воздушни напади во и околу античкиот град Палмира чија цел биле објекти, кои се под контрола на милитантите на Исламската држава. Милитантите во минатата недела го освоија градот кој е заштитен од УНЕСКО и потекнува од времето на римската империја.