Нови партии ја тресат шпанската политика

Двете доминантни политички партии во Шпанија на вчерашните локални избори претрпеа големи порази од новите партии кои се против мерките за штедење. Резултатите покажуваат дека владејачката Народна партија и опозициската Социјалистичка партија кои наизменично владеат во Шпанија веќе 40 години, добија само 52 насто од гласовите. На претходните избори во 2011 година тие имаа 65 проценти. Овие две партии загубија во неколку важни градови каде што победија кандидатите на Индигнада и на Подемос. Резултатите во Шпанија која се соочува со невработеност од 25 насто се слични на оние од изборите во Италија и Грција каде што традиционално силните партии претрпеа големи загуби.