Разговори на шефовите на дипломатиите на Русија и Азербејџан

Министрите за надворешни работи на Азербејџан Елмар Мамадијаров и на Русија Сергеј Лавров денеска во Москва ќе разговараат за конфликтот во азербејџанскиот регион Нагорно Карабах и за начините за зацврстување ба билатералната соработка, соопшти руското министерство за надворешни работи.Мамадијаров треба да се сретне и со претседателот на Думата Сергеј Наришкин и со заменик премиерот Дмитри Рогозин.