Полскиот претседател го призна изборниот пораз

Анджеј Дуда

Полскиот претседател Бронислав Коморовски го призна поразот од неговиот ривал Анджеј Дуда на вчерашниот втор круг од претседателските избори. Дуда победи и во првиот круг што се одржа на 10 мај. 62 годишниот Коморовски изјави дека ја почитува волјата на гласачите додавајќи: „Му пожелувам на мојот противкандидат успешно претседателствување“. Победата на 43 годишниот Дуда е прва поголема изборна победа во изминативе 10 години за опозициската конзервативна партија Право и правда која е блиска со Католичката црква.