ИД регрутира во Авганистан, се уште не е оперативна

Командатот на НАТО силите во Авганистан рече дека Исламска држава регрутира борци во земјата но дека тие се уште не е оперативна. Генералот Џон Ф. Кемпбел денеска на новинарите во Кабул им рече дека групата регрутира во Авганистан и во соседен Пакистан.
Тој додаде дека најголем дел од борците во ИД во Авганистан се талибански бунтовници, кои како што додаде, се ребрендирале себе за да изгледаат помоќно, а тоа го гледале и како можност за доаѓање до ресурси и привлекување внимание. Неговата изјава доаѓа во период на засилени стравувања дека ИД продира во Авганистан откако силите на НАТО предводени од САД ја завршија заедничката мисија минатата година. Исламска држава никогаш формално не објави дека е присутна во Авганистан.