Иран ќе дозволи инспекција на ОН на воени објекти

Иранскиот преговарач објави дека Техеран се согласил да им даде на инспекторите на ОН "одреден пристап" до воените објекти како дел од договорот со светските сили за нуклеарната програма на земјата. Коментарите на заменикот министер за надворешни работи Абас Арагчи беа пренесени на државната телевизија откако министерот за надворешни работи Џавад Зариф присуствуваше на затворената парламентарна сесија. Пратениците кои присуствувале, како што наведуваат агенциите, рекле дека на инспекторите на ОН ќе им биде дозволено да земат примероци од животната средина воcоколината на местата. Развојот на настаните е во контрадикторност со соопштението на врховниот лидер Ајатолахот Али Хаменеи кој на 20 мај соопшти дека Иран нема да дозволи такви инспекции. Иран и шесте светски сили работат на постигнување на нуклеарен договор до 30 јуни. Со него треба да се намалат стравувањата дека Иран сака нуклеарно оружје и од друга страна треба да го ослободат Техеран од силните економски санкции воспоставени поради нуклеарната програма.