Грција ќе ја пропушти ратата кон ММФ идниот месец

Грчкиот министер за внатрешни работи рече дека земјата нема да може да ги отплати долговите кон Меѓународниот монетарен фонд идниот месец.

“Четирите рати за ММФ во јуни изнесуваат 1,6 милијарди евра. Тие пари нема да бидат дадени и ги нема за да бидат дадени ” рече Никос Вуцис за грчката телевизија Мега.
Истиот ден министерот за финансии Јанис Варуфакис за Би-Би-Си рече дека земјата која е без пари направила огромни чекори во преговорите со кредиторите, меѓу кои и ММФ и Европската унија, за ослободување на нова финансиска помош и справување со банкротот. Членовите на левичарската владејачка Сириза предупредуваат дека кој било договор со кој би се одржале строгите мерки за штедење ќе ја уништи грчката економија, а некои дури сугерираат и напуштање на еврото.