Времето денеска топло со краткотрајни дождови

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и релативно топло, но во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност која ќе биде проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 23 до 30 степени. Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд со грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 28 степени.