Мијатовиќ со осуда на нападот врз Ивановски

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми Дуња Мијатовиќ денеска го осуди вчерашниот напад врз новинарот Саше Ивановски. Како што се наведува во соопштението испратено од канцеларијата во Виена ова е само последен во серијата инциденти, насилство и закани насочени кон новинари.

“ Но, овој растечки тренд на насилство врз припадниците на медиумите мора да се промени и затоа ги повикувам властите веднаш и целосно да го испитаат бруталниот напад на Ивановски, "изјави Мијатовиќ.

Синоќа сопственикот на интернет порталот Мактел, Саше Иваносвки беше брутално нападнат и претепан од страна на две лица. Се здобил со повреди на главата и грбот, при што била побарана медицинска помош. Ивановски го пријавил нападот во полицијата, се наведува во соопштението од канцеларијата на Мијатовиќ.