Премиерот Груевски се сретна со папата Франциск

Премиерот Никола Груевски денеска заедно со владината делегација во чиј состав е министерот за надворешни работи Никола Попоски и министерката за култура Елизбета Канческа Милевска, во Ватикан се сретнале сопоглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск.

Како што јавува МИА на средбата премиерот Груевски и папата Франциск ги потврдиле одличните билатерални односи меѓу Македонија и Светата Столица. Груевски го запознал папата со стратешките интереси на земјава за членство во НАТО и ЕУ и напорите за нејзино побрзо интегрирање. Тој ја истакнал важноста за Македонија од поддршката која ја добива од Ватикан за остварување на стратешките интереси на државата како и развојот на културните врски и меѓурелигиските односи. Во попладневните часови во Рим, Република Италија ќе се одржи и манифестацијата “Македонија во чест на Свети Кирил