Еден украински војник загинал, петмина повредени

Портпаролот на украинската војска соопшти дека во последниве 24 часа еден украински војник бил убиен, а пет биле повредени во судирите меѓу владините сили и сепаратистите поддржани од Русија. Се уште не е познато каде и под какви услови загинал војникот. Во земјата се уште има инциденти и покрај договорот за прекин на огнот постигнат во средината на февруари. Во меѓувреме агенцијата ТАСС јавува дека министерството за одбрана на самопрогласената народна република Донетск регистрирало 27 нарушувања на прекинот на огнот од страна на украинската војска претходниот ден. Насилствата се значајно намалени по прогласувањето на прекин на огнот, но двете страни се обвинуваат меѓусебно за прекршувања и последици речиси на дневна основа.