Јункер со „Здраво диктаторе “ го поздрави Орбан

Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер.

Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер го поздрави унгарскиот премиер Виктор Орбан со зборовите „Здраво диктаторе“ кога тој пристигна на самитот на ЕУ и Источното партнерство во Рига. Орбан на тоа му возвратил со „Здраво голем војводо“, забелешка која се однесува на потеклото на Јункер. Европски претставници и дипломати соопштија дека Јункер и претходно му се обраќал на Орбан со истите зборови, но сега тоа за прв пат го направил пред новинарите.