СОЗР-Владиниот авион имал проблем со пресуризација

Илустрација

Екипажот на владиниот Лирџет 60 забележал проблем на системот за пресуризација и затоа авионот принудно слетал во Цирих, соопштија денеска од Службата за општи и заеднички работи. Според службата, пилотот на авионот постапил согласно протоколите и летот го пренасочил кон најблискиот аеродром. Од службата посочуваат дека проблемот потоа бил пријавен и кај овластениот сервисер во Нирнберг, по што авионот се упатил кон градот. Оттаму нагласуваат и дека капетанот согласно уредбите го пријавил случајот и тој е предаден на претставник на Агенцијата за цивилно воздухопловство.