Несогласувања на самитот во Рига

Учесници на самитот во Рига.

Серија несогласувања се појавиле меѓу учесниците на последниот ден од дводневниот самит на ЕУ и Источното партнерство во Рига. Шесте земји членки на Источното партнерство не можеле да постигнат согласност за усвојување на декларацијата во која имало прашања за руската анексија на Крим и статусот на отцепениот регион Нагорно Карабах.

Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск изјави дека нормално е меѓу земјите да се појават силни емоции, поради тешката ситуација во регионот. Грузија, Молдавија и Украина се чини дека извојувале победа со тоа што ги натерале учесниците да го прифатат текстот во декларацијата во кој се залагаат за европската аспирација.