Оланд-Притисок врз Русија и бунтовниците за примирјето

Францускиот претседател Франсоа Оланд

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека е потребно да се изврши притисок врз Русија и проруските бунтовници во источна Украина да го почитуваат примирјето договорено во Минск во февруари. Според него, јасно е оти примирјето целосно не се почитува. Тој за време на Самитот на ЕУ и Источното партнерство порача дека ситуацијата се уште е многу загрижувачка во одредени украински градови и затоа мора да се дејствува и да се врши притисок за целосно почитување на примирјето.