ЕУ за поблиски односи во Источното партнерство

Европската унија им повтори на шесте земји од Источното партнерство дека е посветена како никогаш досега на развивање поблиски односи со нив. Говорејќи на отворањето на дводневниот самит во Рига, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека Источното партнерство е приоритет за Унијата и оти самитот не бил насочен против Русија. Германскиот канцеларАнгела Меркел пак изјави дека за разлика од Русија, Европската унија прифаќа земјите од Источното партнерство да можат да одат по свој пат. Во оваа програма се вклучени Украина, Грузија, Молдавија, Азербејџан, Ерменија и Белорусија.