Обама: нуклеарен договор со Иран е важен за мене

Американскиот претседател Барак Обама на евентуалниот нуклеарен договор со Иран гледа како на клучен дел од неговата натамошна репутација. „И по дваесет години јас, дај Боже, ќе бидат тука. Ако Иран има нуклеарно оружје , тоа ќе биде на моја сметка“, изјави Обама во интервју за магазинот „Атлантик“. Иран и шесте светски сили се согласија да ја ограничат иранската нуклеарна програма и сега ги усогласуваат деталите на договорот што треба да биде постигнат до 30 јуни годинава.