Меркел-Источното партнерство поважно од било кога

Германскиот канцелар Ангела Меркел

Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека кризата во Украина го прави партнерството на ЕУ со шесте источни земји поважно од било кога. Меркел ја даде изјавата додека говореше во германскиот Парламент пред дводневниот самит во Рига на ЕУ со Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Молдавија и Украина.

Според неа, мирниот ред на Европа бил нарушен од руската нелегална анексија на Крим во минатата година и со борбите меѓу владините сили и проруските бунтовници во источна Украина. Таа порача дека ги поддржуваат нивните источни соседи на патот за создавање општество базирано врз демократијата и владеење на правото.