Абади повика на поголема соработка против ИД

Ирачкиот премиер Хаидер ал Абади со неговиот руски колега Дмитри Медведе.

Ирачкиот премиер Хаидер ал Абади се сретна со неговиот руски колега Дмитри Медведев за време на посетата на Москва со цел да се зголеми соработката меѓу двете земји во борбата против милитантите на Исламската држава. Абади на Медведев му рекол дека со заканата од тероризмот не се соочува само Ирак, туку и соседните земји. Според него, затоа е потребно поголемо внимание и соработка од Русија. Абади за ситуацијата ќе разговара и со рускиот претседател Владимир Путин.